Connect with us

Де Бруин бил близу до потпис со Барселона?

Во Барселона размислувале за доведување на Кевин де Бруин пред појавата на пандемијата на КОВИД-19 во 2020 година, според англиски „Тајмс“.

“Каталонците” беа заинтересирани за неколку големи фудбалски имиња, но не можеа да делуваат за нивен трансфер, ниту пак за потпис на играчот за врска на Манчестер Сити, бидејќи долгот на клубот се зголеми на една милијарда фунти во последните 12 месеци.

Белгиецот нема да се приклучи на Барса, ниту на никој друг клуб во скоро време, бидејќи оваа недела потпиша нов четиригодишен договор со “граѓаните” вреден 20 милиони фунти по сезона.

Во меѓувреме, се верува дека шпанскиот клуб е близу до потпишување на соиграчот на Де Брујн, Ерик Гарсија, кој во јуни треба да стане слободен агент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови