Кевин де Бруин беше стрелец на првиот меч на „Итихад“, а верува дека Манчестер Сити мора да биде на врвно ниво доколку сака да го елиминира Реал Мадрид на утрешниот реванш натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ го добија првиот натпревар во Англија со 4-3, а вториот натпревар е утревечер во шпанската престолнина.
„Ако одиграме дури и малку под нашите можности, Реал Мадрид може да го добие натпреварот бидејќи тие се меѓу најдобрите тимови во светот. Имаат неверојатно квалитетни фудбалери. Не смееме да си дозволиме грешка. Ако бидеме на ниво, мислам дека можеме да се пласираме во финалето“, изјави Кевин де Бруин.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski