Connect with us

Давид Вилја со нова улога, промотор на фудбалот во Индија

Легендарниот шпански фудбалер Давид Вилја (39) ќе се испроба на позицијата спортски амбасадор, и тоа на клубот од Индија. Вилја е ангажиран од тимот Одиша, член на индиската Суперлига, а негова задача ќе биде да го промовира фудбалот во Индија и да ја поврзе со остатокот од фудбалскиот свет.


Поточно, Шпанецот ќе биде глобален фудбалски советник на клубот Одиша.


„Давид е играч со големо искуство и одлична фудбалска кариера. Неговиот збор значи многу во светот на фудбалот. Ние сакаме да го подобриме развојот на фудбалот во Индија и да се обидеме да одиме чекор подалеку. Имаме многу планирано, особено во работа со млади играчи. Тоа е сосема друго ниво, во иднина нашиот клуб ќе добие на сериозност во азискиот фудбал, а лигата ќе има сосема поинакво значење надвор од границите на Индија”, изјавија од клубот Одиша.


Давид Вилја за репрезентацијата на Шпанија одигра 98 натпревари и постигна 59 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови