Connect with us

Давид Раја одбрани два пенали и го одведе Арсенал во четвртфиналето на ЛШ

Давид Раја е херојот на Арсенал. Голманот на „топчиите“ одбрани два пенали на фудбалерите на Порто при драматичното изведување на удари од белата точка и го одведе својот тим (4-2 на пенали) во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Раја ги одбрани шутевите на Вендел и на Галено и го трасираше патот на Арсенал во следната рунда од елитното европско натпреварување. „Топчиите“ беа одлични изведувачи на пеналите и ги реализираа сите четири шутеви од 11 метри.

Во регуларниот тек, а и по продолженијата, на „Емирати“ беше 1-0, идентично како и на „Драгао“ по првиот меч. Стрелец на единствениот гол за Арсенал беше Леандро Тросар во 41.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови