Connect with us

Давид Луиз го одбил Реал Мадрид за да се врати во Фламенго

Искусниот бразилски дефанзивец Давид Луиз (35) потпиша договор со Фламенго. По 14 години во Европа каде играше за Арсенал, Челси, ПСЖ и за Бенфика, дојде време да се врати дома и го избра Фламенго.


Интересно е дека тој летово го одбил Реал Мадрид. Луиз имаше бројни понуди од европските клубови. Бенфика беше најупорна, а тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти разговарал со него по телефон. На крајот, тој го одби Реал и сите други понуди кои беа многу подобри од Фламенго, но неговото срце одлучи да се врати дома.

„Имав неколку опции. Размислував за помирен живот, но секогаш го избирам она што е во моето срце”, рече Давид Луиз на презентацијата во Фламенго.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови