Веста на денот доаѓа од Англија. Манчестер Јунајтед би можел да го врати Давид де Хеа по само три месеци.
Главна причина за ова е заминувањето на Андре Онана на Африканскиот куп на нации во јануари.
Де Хеа не доби нов договор, Јунајтед не ја искористи опцијата за продолжување на соработката и тој стана слободен играч, но досега не го пронајде вистинскиот клуб.
Се споменуваше како опција за Баерн Минхен, но тоа не се оствари.
Интересно е што Де Хеа минатата недела беше во Манчестер и на социјалните мрежи се појавија фотографии како седи во друптво на поранешните соиграчи.
Одбраните на Онана во досегашниот тек од сезоната беа променливи, но тој беше херој во вторникот бидејќи одбрани пенал во последната секунда за важна победа над Копенхаген во Лигата на шампионите.
Де Хеа е легенда на клубот во кој помина цела деценија, а останува да се види дали навистина ќе се случи шокантно враќање, привремено до крајот на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













