Connect with us

Давид Бабунски го победи коронавирусот

Македонскиот фудбалски интернационалец Давид Бабунски ги надмина проблемите со Covid-19 и се врати на тренинзите на романскиот прволигаш Ботошани. Тој беше позитивен на коронавирус по што замина во задолжителен карантин, а сега повторно може да тренира со соиграчите откако ја надмина болеста. 

Бабунски доби дополнителен повик од селекторот Игор Ангеловски за да се приклучи на националниот тим за мечот против Грузија во Лигата на нации, но не можеше да одговори токму поради проблемите со коронавирусот.

Се очекува за брзо време тој повторно да се наметне за настап во дресот на Ботошани. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови