Единствениот приоритет на Давид Алаба во следниот предоден рок е само Реал Мадрид, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Одамна е познато дека дефанзивецот на Баерн Минхен веќе има вербален договор со Реал, а се чека само негов потпис на преддоговорот со “кралевите”. Неговиот четиригодишен договор до 2025, би ги коштал шпанците 12 милиони евра по сезона.
Сепак, Романо тврди дека како и секогаш со слободните агенти, додека тие не потпишат некаков преддоговорот, ништо не е готово, ниту сигурно. Многу други големи клубови се обидуваат да го убедат Австриецот во последните неколку недели, но се верува дека Реал е сè уште далеку пред конкуренцијата.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












