Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, e прогласен за најдобар фудбалер на Австрија во 2021 година. Тој по рекорден осми пат во кариерата е добитник на оваа награда.
Алаба собра 44 поени на овој избор, а го следеа Карим Адејеми (Салцбург, 25 поени) и Криштоф Баумгартнер (Хофенхајм, 8 поени).
„Ова е неверојатно убава награда, многу сум благодарен за тоа. Благодарност до сите што гласаа за мене, но и до моите соиграчи и тренери кои придонесоа за мојот успех. Ова е многу важно признание за мене“, изјави 29-годишниот Алаба.
Алаба стана германски шампион со Баерн Минхен и го освои 27-миот и последен трофеј со баварскиот тим. Летото се пресели на слободен трансфер во Реал Мадрид и одигра 23 натпревари на кои постигна два гола и забележа три асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













