
Давид Алаба (31) тешко се повреди кон средината на декември на натпреварот од 17. коло на Ла Лига во кој Реал Мадрид го победи Вилјареал (4-1). Искусниот дефанзивец го напушти теренот во 35. минута по дуелот со ривалот Херардо Морено, додека по средбата му беше констатирано кинење на вкрстените лигаменти на левото колено.
Алаба потоа беше опериран и до крајот на сезоната нема да одигра ниту една минута за мадридскиот клуб кој ја освои Ла Лига и ќе се соочи со Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите на 1 јуни. Тој ќе го пропушти и Европското првенство во Германија, каде што селекцијата на Австрија е во групата Д со Франција, Холандија и со Полска.
Селекторот на Австрија Ралф Рангник не може да смета на Алаба на теренот, но шпански „Релево“ тврди дека го повикал во неговиот стручен штаб. Капитенот на репрезентацијата наводно бил воодушевен од предлогот и го прифатил, па на ЕВРО 2024 ќе има поинаква улога од вообичаената.
Алаба во својата богата кариера како играч на Баерн Минхен и на Реал Мадрид освои 35 трофеи. За Австрија има 105 настапи и 15 гола, а десетпати е прогласен за најдобар фудбалер во својата земја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
