
Англискиот премиерлигаш Ливерпул постигна конечен договор со Бенфика за трансферот на напаѓачот Дарвин Нуњез. Португалскиот клуб и јавно ги обелодени деталите.
Ливерпул ќе плати 75 милиони евра, 10 милиони ќе добие и неговиот претходен клуб Алмерија, а со клаузулите во договорот сумата може да достигне 100 милиони евра.
Тоа ќе биде најголемиот трансфер во клупската историја на Ливерпул и ќе го собори досегашниот рекорд на Вирџил ван Дајк кој дојде за сума од 84 милиони евра.
Уругвацот Нуњез минатата сезона во дресот на Бенфика постигна 34 гола на 41 меч во сите натпреварувања.
Дарвин Нуњез треба да потпише шестгодишен договор и да остане на „Енфилд Роуд“ до 2028 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
