Connect with us

Дарвин Нуњез и Диого Жота го тероризираа Борнмут (ВИДЕО)

Ливерпул оствари убедлив триумф (0-4) на гости против Борнмут и се зацврсти на првата позиција на табелата во Премиер-лигата, со пет бода предност во однос на Манчестер Сити, кој има и еден одигран натпревар помалку.

Борнмут даде силен отпор едно полувреме, но потоа Дарвин Нуњез и Диого Жота го започнаа својот терор. Дарвин Нуњез во 49.минута го отвори резултатот, а Диого Жота со головите во 71.минута и во 80.минута ги разреши дилемите околу победникот.

На крајот, Дарвин Нуњез постигна уште еден гол во судиското продолжение за комплетирање на убедливиот триумф.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови