Дарко Велковсми и Ријека излегоа како победници во „македонската“ пресметка против Динамо Загреб во Купот на Хрватска. На „Максимир“, Ријека изненадувачки славеше со 1-3 и ги елиминираше „модрите“ во четвртфиналната рунда. Ријека во полуфиналето ќе игра против Горица.
Велковски беше стартер во тимот на Ријека, а Стефан Ристовски и Аријан Адеми влегоа во второто полувреме во тимот на Динамо Загреб, кој веќе на полувремето имаше негатива од 0-2. Стрелци на головите за Ријека беа Обрегон и Дрмиќ, а Толиќ даде мала надеж кога намали на 1-2 во 77.минута. Сепак, во судиското продолжение Ријека постигна и трет гол преку Муриќ и го завери пласманот во полуфиналето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













