
Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски потпишал нов едногодишен договор со Ријека и ќе остане на „Руевица“ и следната сезона, откриваат хрватските медиуми. Тој три сезони го носи дресот на Ријека, а со клубот ќе настапува и на европска сцена, во квалификациите за Конференциската лига.
Дефанзивецот многу често беше повреден и немаше континуитет во настапите за Ријека во изминатите три сезони каде се пресели од тимот на Вардар.
Од синоќа Велковски е во кампот на националниот тим. Селекторот Игор Ангеловски го направи првиот собир со репрезентативците, а од денеска стартуваат и тренинзите. Македонија се подготвува за историски настап на Европското првенство и се наоѓа во група со Австрија, Украина и со Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski