На 29 мај 1991 година, Дарко Панчев го постигна голот за аналите, за историскиот трофеј на Црвена Звезда во Купот на европските шампиони (денешна Лига на шампиони). Црвена Звезда е голем клуб, посебно внимава на традицијата и на своите великани, па на Дарко Панчев му испрати реплика од дресот со кој стана европски клупски првак.
„Додека го облекував овој прекрасен дрес, ми се вратија спомени од моментот кога ја покоривме Европа во 1991 година и морам да признаaм дека е многу удобно, додека покрај светиот грб, бројот „девет“ на грбот го има и мојот потпис, а има белег дека ја освоив „Златната копачка“. Ме радува што споменот на нашата генерација се чува на овој начин. Тогаш не следеа голем број навивачи, а во следните години тие луѓе веројатно им кажаа на своите потомци како изгледа сето тоа, додека сега можат уште повеќе да се доближат до нашата генерација и Црвена Звезда како клуб“, истакна Дарко Панчев во разговорот за „Звезда ТВ“.
Успехот е речиси невозможно да се повтори во сегашно време.
„Многу е тешко да го повториме нашиот успех, бидејќи времињата се сосема различни. Потребни се многу пари, бидејќи младите и талентирани играчи веднаш штом им се укаже прва шанса заминуваат во странство. Мојата филозофија е дека млад играч секогаш треба да остане во Црвена Звезда неколку сезони, да одигра минимум 150 натпревари, да созрее и да му врати на клубот што му дал. Но, не е лесно да се бори против европската политика која се промени, и затоа е тешко да го повториме нашиот успех. Но, на добар пат сме да го доближиме нешто поблиску, што е задоволително во овие околности“, истакна Панчев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski