Капитенот на Вардар, Дарко Мицевски, е пред трансфер во Борац Бања Лука, информираат босанските медиуми. Преговорите се во завршна фаза и се очекува тој во наредните неколку дена да стави потпис на договор со петтопласираниот клуб во првенството на БиХ.
Мицевски и во летниот преоден рок се поврзуваше со трансфер во Борац Бања Лука, но на крајот одлучи да остане во Вардар. Сепак, сега ситуацијата во најтрофејниот клуб е хаотична, замина и тренерот Александар Васоски, апсолутно е неизвесно што ќе се случува со клубот, па фудбалерите си бараат нова средина за продолжување на кариерата.
Дарко Мицевски, кој е повремен македонски репрезентативец, води преговори и со неколку клубови од Унгарија и од Кипар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













