Connect with us

Дарко Илиески потпиша за Струга ТЛ

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум го доведе првото засилување во зимскиот преоден рок. Нов фудбалер на стружани е Дарко Илиески, дефанзивецот кој беше член на словенечкиот Копер и одлучи да се врати во македонскиот фудбал.

Илиески стави потпис на едногодишен договор со Струга Трим Лум и треба да биде засилување за одбранбениот дел од тимот на тренерот Срѓан Захариевски. Празнината се појави по заминувањето на Јасмин Мециновиќ кој замина на печалба во Бангладеш.

Илиески во кариерата играше и за Пелистер, Борец, Тиквеш, Победа, Металург, 11 Октомври и ерменскиот Ширак.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови