Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Георгиевски одлучи да стави крај на активната кариера на 33-годишна возраст. Тој беше без фудбалски ангажман од изминатово лето откако го раскина договорот со Мелбурн Сити, а денеска ја објави одлуката за прекин на кариерата.
Десниот бек најголем дел од кариера ја мина во Австралија, а настапуваше и во Европа за Стеауа, Шибеник и за Меѓимурје.
„Сакам да искажам голема благодарност до семејството, фановите, до клубовите и тренерите кои ги имав во текот на фудбалската кариера. Моето патување беше исполнето со многу настани и извонредни достигнувања, неверојатни спомени и моменти. Со нетрпение го очекувам следното поглавје во мојот живот со семејството и со пријателите“, изјави Георгиевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













