Connect with us

Даниел Аврамовски дебитираше за Кајзериспор

Повремениот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски денеска го имаше своето деби во дресот на турскиот прволигаш Кајзериспор. Неговиот тим славеше на гостувањето кај Денизлиспор со 0-1, а нашиот интернационалец доби шанса во завршницата, на местото на Мануел Фернандеш. 

На Аврамовски клубот пред неколку дена му ја активираше лиценцата за настап, откако тренерот Угур Кулаксиз процени дека тој е потполно подготвен за игра. Аврамовски подолг период беше повреден откако потпиша за Кајзериспор, а сега ги добива првите минути во турското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови