Напаѓачот на Барселона, Дани Олмо, заработи полесна повреда на мускулот, поради која ќе мора да паузира краток период.
Каталонскиот клуб потврди дека Олмо има мускулна повреда и неговото враќање на терените ќе зависи од брзината на неговото закрепнување.
Според извори блиски до клубот, се очекува Олмо да паузира околу десет дена, што значи дека ќе ги пропушти натпреварите против Бенфика во Лигата на шампионите и Валенсија во Ла Лига, кои ќе се одиграат на „Монжуик“.
Очекувањата се дека Олмо ќе биде подготвен за дуелите со Аталанта и со Алавес на 29 јануари и на 2 февруари, исто така на „Монжуик“.
Со отсутноста на Олмо, прашање е дали тренерот конечно ќе му даде шанса на Ансу Фати, кој не играше на последните четири натпревари, иако не беше повреден.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













