Шпанија и Франција во вторник во 21 часот во Минхен ќе играат во полуфиналето на Европското првенство. Шпанците по продолженија со 2-1 ја елиминираа Германија, додека Франција по подобро изведување пенали ја елиминира Португалија.
Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте има големи проблеми пред полуфиналниот натпревар. Поради црвениот картон нема да игра Дани Карвахал, а ќе недостасува и стандардниот стопер Робин Ле Норман, додека против Германците се повреди и Начо, но тој би требало да биде подготвен.
Натпреварот сигурно ќе го пропушти Педри, кој во осмата минута го напушти теренот откако го повреди коленото, а го замени Дани Олмо.
Играчот на Лајпциг постигна гол и забележа асистенција, но пред крајот на натпреварот и тој се повреди и е неизвесен за настап против Франција.
Шпанскиот весник „АС“ пишува дека Дани Олмо сепак треба да биде подготвен за натпреварот, но дека шпанските физиотерапевти ќе имаат полни раце работа до вторник навечер.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski