
Дани Олмо би можел да ја напушти Барселона само шест месеци по неговото доаѓање, и тоа без никаква отштета. Според „АС“, шпанскиот офанзивец е во опасност да не биде регистриран за вториот дел од сезоната во Ла Лига.
Барселона го регистрираше Олмо само за првиот дел од сезоната, користејќи правило кое дозволува замена на повредени играчи, како Роналд Араухо и Андреас Кристенсен, со нови имиња во тимот.
Според правилата на Ла Лига, еден играч не може да биде регистриран двапати за ист клуб во една сезона. Барселона искористи 80% од износот предвиден за платите на повредените Араухо и Кристенсен за регистрација на Олмо, но сега му се заканува неиграње во вториот дел од сезоната доколку клубот не обезбеди дополнителни средства.
Олмо, кој пристигна во Барселона од Лајпциг за сума од 55 милиони евра (со бонуси сумата може да достигне 60 милиони), беше клучна аквизиција. Но, финансиските потешкотии на клубот повторно се наметнуваат како сериозен проблем. За да ги продолжи регистрациите на Олмо и Витор Роке до крајот на сезоната, Барселона ќе треба да собере околу 50 милиони евра до 31 декември.
Клубот наводно е во преговори за продажба на ВИП места на стадионот за следните 20 години, што би донело 200 милиони евра, но засега ништо од тоа не е реализирано. Ова ја влошува ситуацијата, бидејќи Барселона е во опасност да изгуби важни играчи поради административни проблеми.
Според извештаите од Шпанија, Олмо е длабоко незадоволен од клубот. При неговото пристигнување, раководството му ветило дека нема да има проблеми со регистрацијата. Но, сега Барселона се соочува со сценарио кое може да доведе до раскин на неговиот договор, бидејќи тој има клаузула која му го дозволува тоа во случај на нерешени проблеми со регистрацијата.
Олмо досега одигра 12 натпревари за клубот, главно како офанзивен играч од средниот ред. Постигна шест гола, еден во три натпревари во Лигата на шампионите и пет во девет натпревари во Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
