Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо го најави осминафиналниот меч против Хрватска. Тој долго време беше на „Максимир“ и го носеше дресот на Динамо Загреб, сега е адут на Лајпциг. За него се интересираат Реал Мадрид и Барселона, а тој многу му е благодарен на капитенот на Динамо и македонски репрезентативец Аријан Адеми. Вели дека Адеми би вредел 100 милиони евра ако би бил, да речеме, Португалец.
„Благодарен сум на секо миг што го одиграв во Динамо Загреб и го ценам секој момент поминат во Хрватска. Сакав да играм за Шпанија и тоа го одбрав. Сакам да искажам благодарност и за капитенот на Динамо, Аријан Адеми. Да беше Португалец, ќе вредеше повеќе од сто милиони евра“, изјави Дано Олмо.
Шпанија и Хрватска својата осминафинална пресметка ќе ја имаат утре од 18 часот во Копенхаген.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













