Connect with us

Дани Алвеш потпиша за Пумас

Искусниот бразилски десен бек Дани Алвеш е новото засилување на мексиканскиот Пумас. Се шпекулираше дека може да остане во Европа и потенцијално да го засили Лион, но Дани Алвеш реши да замине во Латинска Америка и да го прифати повикот на Пумас.


Разделбата со Барселона овојпат не помина најдобро што можеше, бидејќи Бразилецот очекуваше да остане и да има епизодна улога во следната сезона, додека клубот размислуваше на поинаков начин.


Алвеш сега потпиша едногодишен договор со тимот на Пумас, кој минатата сезона заврши на петтото место во Апертура и на 16. место во Клаусура.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови