Connect with us

Далиќ: Срамота е репрезентацијата на Хрватска да нема сопствен стадион

Хрватска ја победи Данска со 2-1 во претпоследниот, петти натпревар од групната фаза на Лигата на нации. Головите за Хрватска ги постигнаа Борна Соса и Ловро Мајер, додека стрелец за Данска беше Кристијан Ериксен. Хрватска на тој начин е прва во групата со десет бода и на чекор до фајналфорот во Лигата на нации. Во последното коло в недела ќе игра против Австрија.


„Честитки до момците за одличната игра, особено второто полувреме. Данска е многу добра, компактна, агресивна и квалитетна. Бевме подобри во второто полувреме, но целата игра е за пофалба. Благодарам и до сите на стадионот што навиваа за нас“, изјави селекторот Златко Далиќ.


„Не успеавме да се избориме со Данците во последните 15 минути од првото полувреме, но направивме промени, дојдовме до длабочина со Перишиќ и се беше поинаку и подобро. Убава игра, неизвесна. Заслужена победа за Хрватска со два убави гола. Ловро даде гол штом влезе во игра. Велам дека имаме широк кадар тоа е добро за нас. Одиме во Виена за да победиме, го сакаме првото место“, додаде тој.


Сепак, на Далиќ му смета што репрезентацијата на Хрватска нема свој стадион.


“Имаме одлична атмосфера, одлична средина и тоа ме радува. На „Максимир“ не сме биле долго време, штета што немаме услови. Никој не игра како нас. Светскиот вицепрвак – нема свој стадион. Го губев времето зборувајќи за тоа, извинете за тоа. Ватерполистите ги радуваа луѓето, и фудбалерите ги радуваат, но никој ништо не презема. Не знам, јас си се смеам дека сум упорен и се уште зборувам за тоа…“, искоментира Златко Далиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови