
Далибор Ѓурѓевиќ, инструктор и ВАР менаџер на ФИФА, изјави дека ВАР собата што ќе биде сместена во зградата на Фудбалската федерација на Македонија ќе биде меѓу најсовремените во Европа. Тој нагласи дека постојат сите предуслови за успешно воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал.
„ВАР не е само технолошко решение, туку комплексен систем кој бара сериозна поддршка и целосна посветеност. Кога лидерот на федерацијата е целосно вклучен и стои зад ваков значаен проект, тогаш е јасно дека постојат реални шанси за успех. Условите што се обезбедени тука се споредливи со оние во многу поголеми фудбалски федерации. Слободно можам да кажам дека раководството на ФФМ, предводено од претседателот Масар Омерагиќ, овозможи одлични услови за работа, особено за судиите. ВАР собата во ФФМ ќе биде меѓу најдобрите на континентот – дури и некои од десетте најсилни лиги во Европа немаат вакви капацитети. Затоа, судиите мора да ја оправдаат оваа инвестиција и укажаната доверба“, изјави Ѓурѓевиќ.
„Имам искуство кое вели дека постојат проблеми во секоја нова имплементација во било која држава, па и во големите држави. Меѓутоа, сигурен сум дека сè што може да се направи од страна на Федерацијата, е направено и тоа е доказ дека сè ќе биде во најдобар ред. Одредени грешки сигурно ќе се случат. ВАР системот не е нешто што, да не мислат луѓето, ќе ги елиминира сите грешки. Постојат ситуации што остануваат на проценка на судиите и ВАР судиите. Затоа ние работиме токму на тоа, тој процент на субјективност да биде што помал, врз основа на пропишаните критериуми од ФИФА и УЕФА“.
„Еден комплексен систем како ВАР бара прилагодување на инфраструктурата, техничката опременост на стадионите. Јас следев како се работат ВАР собите во ВАР центарот, во зградата на Федерацијата и она што го видов ме уверува дека ова ќе биде една од најмодерните ВАР соби во Европа. Тој дел, технички, полека доаѓа на високо ниво, потребно за да функционира ВАР системот“.
„Финалниот производ на крајот го креираат судиите.Тоа е резултатот од целиот проект. Ако одлуката е точна, сите се задоволни. Ако не е, ќе има незадоволство. Но, важно е да знаеме дека ВАР сигурно ќе го унапреди македонскиот фудбал. Лигата ќе биде поинтересна, преносите поразлични и технички појасни. Ќе се работи и со снимателите, не е исто да се снима натпревар со ВАР или без него. И тоа е еден сегмент каде сигурно ќе има напредок“.
„ВАР е само еден сегмент кој ќе ги следи позитивните случувања во македонскиот фудбал и тоа е сигурно. Грешки ќе се случуваат, тука нема никакви дилеми, но големи, скандалозни судиски одлуки со ВАР, не би требало да се случуваат. Ако судиите го применуваат ВАР протоколот, правилата на игра и инструкциите од ФИФА, УЕФА и Судиската комисија на ФФМ, сигурен сум дека ќе го подобрат квалитетот на своите одлуки. Клубовите ќе имаат еднакви услови, а фудбалот ќе биде почист“.
„Селектираната група на судии е квалитетна, судии на топ ниво во државата. Некои имаат поголеми способности за судење на терен, други покажуваат потенцијал како ВАР судии. Тоа се две сосема различни улоги. Судијата на терен одлучува на прво чувство. ВАР судијата, иако може да го има тоа прво чувство, мора да прегледа ситуацијата од повеќе агли и да процени врз основа на критериумите, дали одлуката е чиста и јасна грешка или не“.
„Уште на првите тренинзи им реков: во многу поголеми сојузи, мислам на првите десет лиги во Европа, судиите немаат вакви услови. Затоа тие тука мора да го дадат својот максимум. Поддршката од првиот човек на федерацијата е огромна работа. Без неа, судиите не можат да го дадат тоа што се очекува од нив. Сега, одговорноста е на нив да вратат со квалитетни одлуки“.
„Претседателот на ФФМ не само што ни овозможи се што ни беше потребно, туку дојде лично во два наврати, ненадејно, да види како тече процесот. Тоа е силна порака и голема поддршка за сите нас кои работиме на имплементацијата на ВАР во Македонија. Искрено верувам и сигурен сум дека со резултатите ќе ја оправдаме довербата и можностите кои ни се дадени“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Никола Ѓоргев потпиша за португалскиот Фаренсе

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо
