
Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку е „лузерот“ на ова Европско првенство со скандалозниот потег кој го направи по ремито со Хрватска (2-2) кога скандираше со навивачите навредувајќи го македонскиот и српскиот народ.
Даку беше супендиран на два меча, не играше на третиот натпревар од групната фаза, а сега вели дека се срами од своето однесување.
„По првиот натпревар против Италија, нашиот дефанзивец Хисај доби многу критики од навивачите и медиумите. По мечот со Хрватска сакав да му дадам поддршка и отидов со него на навивачката трибина, за навивачите да го прифатат, да го поддржат и да го споделат моментот на радост со него. Тогаш го зедов мегафонот и ги кажав тие зборови. Навивачите често си дозволуваат да упатуваат навредливи повици до навивачите на други земји и атмосферата ве зафаќа, тоа влијае на сите на стадионот. Тој меч имаше емотивна завршница, го постигнавме израмнувачкиот гол во последната минута и јас дебитирав на ЕП, емоциите беа многу големи. Но, тоа не го оправдува мојот потег. Веднаш по ова сфатив дека згрешив затоа што изговорив несоодветни зборови“, изјави Даку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
