Connect with us

Даичи Камада од лето ќе биде „милионер“

Борусија Дортмунд на лето ќе го ангажира Даичи Камада од Ајнтрахт Франкфурт. „Жолто-црните“ веќе постигнаа вербален договор да склучат петгодишен договор со Јапонецот.


Се очекува Камада да му се приклучи на Дортмунд како слободен играч бидејќи неговиот договор со „орлите“ истекува на крајот од сезоната.

Во тековната сезона, 26-годишниот Даичи Камада одигра 31 натпревар за клубот од Франкфурт, на кои постигна 13 гола и забележа пет асистенции.

Јапонскиот интернационалец е проценет на околу 30 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови