Connect with us

Даглас Коста во јануари се враќа во Јувентус

Поранешниот играч на Јувентус, Даглас Коста, би можел да се врати во клубот како слободен играч, пренесуваат италијанските медиуми. Планот е 33-годишниот офанзивец да го засили тимот со договор од јануари до крајот на сезоната, а играчот е подготвен да се приклучи и за помала плата.


Бразилецот веќе изјавил дека се согласува уште еднаш да стане дел од „старата дама“ за која настапуваше во периодот од 2017 до 2020 година.

Вчера од Лос Анџелес Галакси соопштија дека нема да го продолжат договорот на Даглас Коста кој истекува на 31 декември. Веднаш се појавија информации дека ќе замине во Саудиска Арабија.

Сепак, тој би сакал да се врати во Торино.

„Јувентус е мојот омилен клуб. Имам голема почит кон тренерот Масимилијано Алегри“, изјави Даглас Коста.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови