Некогаш беше најмладиот репрезентативец во А-тимот, сега е веќе стандарден член на националниот тим на Македонија. Дарко Чурлинов, интернационалецот во Шалке 04, оптимистички гледа на мечевите во октомври против Лихтенштајн и против Германија
„Во октомври играме со Лихтенштајн и со Германија. Натпреварот против Германија нема да биде лесен, но ќе биде домашен натпревар за нас во Скопје, што е голем плус за нас. Покажавме на гостувањето против нив дека е можно да се победи Германија. Треба само да се погоди денот. Тоа што го направивме тогаш – зошто да не може да се случи и по вторпат? Имаме многу квалитет во тимот и веќе со нетрпение го очекувам новиот собир. Но, пред да заминам со националниот тим во октомври, сакам да имаме два успешни натпревари со Шалке против Ханза и Инголштад“, вели Дарко Чурлинов за официјалниот сајт на Шалке 04.
Тој е горд на своето деби во националниот тим на 16-годишна возраст.
„Многу ми значеше тоа. Како момче, мојот сон беше да играм за репрезентацијата и да ги носам боите на мојата земја. Моите искуства во националниот тим ми помогнаа многу да се развивам во спортска смисла“, истакна Чурлинов.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski