Дарко Чурлинов се запиша меѓу стрелците во убедливата победа на Македонија против Лихтенштајн (5-0). Во 56. минута офанзивецот ја затресе мрежата за 3-0 и ја зацврсти предноста на нашиот национален тим.
По натпреварот, Чурлинов не го криеше задоволството од прикажаната игра и од убедливата победа.
„Го дадовме на терен тоа што беше договорено и резултатот си дојде сам по себе. Денес нема релаксирачки натпревари – никој не може да игра со 70-80% од силите, особено кога станува збор за репрезентацијата на Македонија. Така и треба да биде. Секој противник кој ќе дојде овде мора да знае каде доаѓа. Не очекуваат важни и одлучувачки натпревари и ние мора да дадеме сè од себе“, изјави Чурлинов.
Фото: ФФМ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













