Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов имаше одлична сезона во дресот на Шалке 04, а тоа кулминирше со враќање на познатиот клуб во Бундес – лигата.
Синоќа Шалке направи неверојатен пресврт на домашен терен против Сент Паули, имаше два гола негатива, но на крајот славеше со 3-2 и на спектакуларен начин го прослави камбекот во германската фудбалска елита.

Чурлинов беше асистент на вториот гол, а потоа славеше со навивачите на Шалке.
„Вакво нешто не се доживува често во животот. Минатото лето дојдов во Шалке со една цел, таа беше да се промовирам. И тоа го направив заедно со моите соиграчи. Ова е прекрасен крај на сезоната. Дури и кога губевме со 0-2 не не фати паника, знаев дека ќе победиме. Им благодарам на сите наши фанови за поддршката“, изјави Чурлинов.
Тој сега има обврска да се врати во Штутгарт со кој има договор на уште две сезони.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













