Ерик Максим Чупо-Мотинг го продолжи договорот со Баерн Минхен сезона. Тој минатата година дојде на „Алијанц арена“ од Пари Сен Жермен, а сега доби нов договор до летото 2023 година.
„Многу сме среќни што Максим ќе остане уште две години. Тој е многу важен за нас, имаше одлична сезона со многу голови“, изјави спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
Чупо-Мотинг копнее за понатамошен успех со Баерн Минхен.
„Горд сум што сум тука. Баерн Минхен е посебен клуб, најголем во Германија и еден од најдобрите во светот. Првата година ми беше добра и на теренот и надвор од него, се забавувавме заедно. Сакам да продолжам да постигнувам успеси со тимот“, истакна напаѓачот на Баерн Минхен.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












