Мерт Гунок, голманот на Турција, со чудесна одбрана во петтата минута од судиското продолжение ја спаси победата над Австрија (2:1) за пласман во четвртфиналето на ЕВРО 2024.
Турција победи во последниот натпревар од осминафиналето. Мерих Демирал постигна два гола за еден од најголемите успеси во турскиот фудбал, но ако не беше голманот, којзнае дали Турција ќе се пробиеше меѓу осумте најдобри.
Mert Günok's incredible 95th-minute save 🤯😱#EUROLastMinute | @Hublot pic.twitter.com/N2AImAbc7A
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) July 2, 2024
Гунок неколку пати добро бранеше против Австрија, но она што го направи пред крајот на судиското продолжение беше чудесно. Кристоф Баумгартнер шутираше со глава од само два метра, но Гунок со неверојатна одбрана ја спаси победата вредна четвртфинале.
Статистичарите пресметале дека австрискиот удар со глава имал xG вреден 0.94. Со други зборови, голманот имал само 6% шанси да го одбрани.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski