Арсими направи неверојатен пресврт и од негатива од 3-1 на крајот стигна до голем триумф (3-4) на гости против Тиквеш. Шефит Шефити беше херојот на Арсими кој постигна хет-трик и го врати тимот од негативата, а Таипи во 94.минута постигна гол за триумф и вистински шок во Кавадарци.
Претходно, Тиквеш имаше стабилно водство од 2-0 и 3-1, со двата гола на Берат Садик и погодокот на Иван Ивановски.
Башкими лесно го победи Шкупи со 4-1 во Куманово. Филип Алексовски во десеттата минута донесе водство, а Марко Симоновски зголеми на 2-0 во 26.минута.
Шкупи намали во 40.минута, но Аворнио пред одморот постигна трет гол за Башкими за 3-1 на полувремето. Во вториот дел погоди и Недим Хаџиќ во 54.минута од натпреварот и ги реши сите дилеми околу освојувачот на трите бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













