Connect with us

Чуамени: Се извинувам што гледав НБА меч додека Реал играше куп-натпревар

Фудбалерот на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени, се извинуваше затоа што не бил присутен на трибините на натпреварот против Вилјареал, а во тоа време тој го следеше меч од НБА лигата во Париз.


Реал Мадрид синоќа беше на прагот на елиминација во Купот на Шпанија, губеше со 2-0 од Вилјареал, но успеа да направи пресврт и да победи со 3-2 за да се пласира во следната рунда.
Чуамени се извини преку социјалните мрежи.


„Се извинувам на клубот, стручниот штаб, моите соиграчи и навивачите на Реал бидејќи бев на друг настан кога игравме многу важен куп-натпревар. Цело време преку мобилен телефон следев што се случуваше во Вилјареал. Многу ми е жал ако згрешив“, објави Чуамени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови