Светскиот првак Франција в недела ќе ги одмери силите со Аргентина во финалето на Светското првенство во Катар, а тоа ќе биде и мегадуел на Лионел Меси и Килијан Мбапе, кои се соиграчи во ПСЖ.
И додека Антоан Гризман смета дека Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот, Орелиен Чуамени не се согласува
„Гризман рече дека Меси е најдобриот фудбалер во светот? За мене тоа е Килијан Мбапе. И сакам тоа да им го докаже на сите во следниот натпревар, токму против Меси“, изјави Чуамени.
Меси и Мбапе го делат првото место во листата на најдобри стрелци во пресрет на последниот натпревар од првенството. Во првите шест натпревари од натпреварувањето постигнаа по пет гола.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












