Хрватскиот гигант Хајдук Сплит имаше огромни амбиции оваа сезона, на „Пољуд“ беа доведени имиња како Перишиќ и Брекало, а фановите очекуваа да биде освоена шампионската титула. Сепак, надежите им ги растури лутиот ривал Динамо Загреб кој успеа да добие два дерби натпревари во Сплит, па го елиминираше Хајдук и од трката за титулата, но и од Купот на Хрватска.
Сега атмосферата во клубот е разочарувачка, денеска е сменет и претседателот на клубот Лукша Јакобушиќ, а хрватските медиуми најавуваат голема „чистка“ и во играчкиот кадар по завршувањето на сезоната.
Според овие извори, од клубот најверојатно ќе треба да замине и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски. Тој не се изнаигра и досега во тимот на Хајдук, најчесто е на клупата за резерви, а има договор до јуни 2025 година. Сепак, најавите се дека голем дел од фудбалерите ќе мора да заминат, затоа што очекувањата не се исполнети, а Хајдук Сплит ќе формира нов тим за следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













