Шкендија го победи Гостивар со 4-1 и го искористи „киксот“ на Струга ТЛ, која загуби на домашен терен од Силекс, да се доближи на само три бода негатива во трката за шампионската титула. Со оглед дека допрва следи разврската за врвот со меѓусебни натпревари на водечкото трио, Шкендија се надева дека може да стигне до трофејот.
Напаѓачот Ералдо Чинари, кој беше стрелец на еден гол против Гостивар, вели дека градот Тетово и фановите на Шкендија ја заслужуваат шампионската титула.
„Навистина се надевам дека конечно ќе излеземе на првото место и ќе бидеме прогласени за шампиони бидејќи сериозно овој град, овие навивачи и овој тим го заслужуваат тоа. Да бидам искрен, и за целата жртва со инвестициите што ги прави спонзорот на клубот”, изјави Ералдо Чинари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













