
Челси оствари важен триумф (1-2) на гости против Брајтон и направи голем чекор напред кон пласман во Лига Европа. На коло пред крајот Челси е на шестата позиција со 60 бода и потребен му е бод во последното коло за да ја реализира целта.
Кол Палмер во 34.минута го доведе Челси во водство, а Кристофер Нкунку во 64.минута зголеми на 0-2. Ријс Џејмс во 88.минута доби црвен картон, а Дани Велбек во судиското продолжение постигна почесен погодок за Брајтон.
Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го победи Њукасл со 3-2. Маину во 31.минута донесе предност за „ѓаволите“, но израмни Гордон на почетокот на вториот дел.
Дијало во 57.минута повторно обезбеди водство за Манчестер Јунајтед, а Хојлунд зголеми на 3-1 во 84.минута. Њукасл постигна уште еден гол преку Хол, но бодовите му припаднаа на домаќинот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
