Connect with us

Челси си ја признава грешката, го враќа Лукаку?

Според англиските медиуми, главната цел на Челси во претстојниот летен преоден рок ќе биде купување на центарфор.

Како прв избор на “сините” останува Ерлинг Халанд, но нема да биде лесно да се доведе Норвежанецот бидејќи веќе неколку клубови се во трка за него. Според пишувањето на Мет Ло за “Телеграф”, во Челси го посочиле Ромелу Лукаку како алтернатива.

Инаку познато е дека Белгиецот веќе го има носено дресот на тимот од “Стемфорд Бриџ” во 15 наврати, но не успеа да постигне гол за време на тригодишниот престој од 2011 до 2014. Сепак, поголемиот дел од тоа време, Лукаку се наоѓаше на позајмици во Вест Бромвич Албион и Евертон.

Но, откако неговите авантури во Челси и Манчестер Јунајтед беа обележани како “неуспешни”, Лукаку премина во Интер во 2019 година. Оттогаш, 27-годишниот напаѓач е во зачудувачка форма, постигнувајќи 59 погодоци на досегашните 85 настапи во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови