Англискиот премиерлигаш Челси ги прекршил правилата за финансиски фер-плеј во периодот од крајот на 2023 до 2024 година, потврди УЕФА. Според информациите на „Би-Би-Си“, слични истраги се водат и против Астон Вила и Барселона.
„Сините“ од Лондон прифатиле четиригодишно спогодбено решение, во кое се обврзуваат дека ќе ги почитуваат правилата во иднина.
Челси ќе биде казнет со глоба од 69 милиони фунти, додека дополнителна казна од 9,4 милиони фунти ќе следи поради непочитување на правилата за односот на трошоци во составот.
Ова е уште еден удар за клубот кој последните сезони беше под лупа поради масивните инвестиции и бројните трансфери, а УЕФА сигнализира дека ќе продолжи со засилен надзор над клубовите кои ги прекршуваат правилата за финансиска одржливост.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













