Челси се обидува да го ангажира крилото на Штутгарт, Кристијан Фурих. 26-годишниот играч има одлична сезона со тимот на „швабите“, па дури обезбеди место и во германската репрезентација. Ова не остана незабележано од лондончани, кои сакаат да ја победат конкуренцијата за неговиот потпис.
Според „Кикер“, клубот од „Стемфорд бриџ“ веќе стапил во контакт со газдите на германскиот клуб, па дури и дал и прва понуда за Фурих, вредна 30 милиони евра. Засега од Штутгарт сѐ уште немаат дадено одговор дали ја прифаќаат.
Фирих неодамна повторно потпиша нов договор со Штутгарт до 2028 година и клубот е во силна позиција во преговорите околу неговиот трансфер. Сигурно ќе се обидат да извлечат што повеќе доколку воопшто се согласат да се разделат со некоја од нивните ѕвезди пред претстојниот настап во Лигата на шампионите.
Фурих оваа сезона има девет гола и седум асистенции на 37 натпревари во сите натпреварувања. Покрај Челси, за него се заинтересирани и Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд и Лајпциг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













