Connect with us

Челси подготви 100 милиони евра за новата ѕвезда

Европскиот првак Челси подготвува нов голем трансфер. Не е тајна дека Томас Тухел и сопствениците сакаат дополнително да го засилат тимот за да можат да атакуваат на титулите во ЛШ и во домашниот шампионат.
Прва цел е ѕвездата на Јувентус и на италијанската репрезентација, Федерико Киеза.


Тухел не е задоволен од ситуацијата во нападот. Тимо Вернер не успеа да се наметне откако дојде минатото лето, истото важи и за Хаким Зијеч, а повредите на Лукаку и другите играчи ја скратија ротацијата на „сините“ во офанзивната линија.

За Киеза е заинтересиран и Баерн Минхен, но раководството на Челси му одобри 100 милиони евра на Тухел да ја започне операцијата за негово доведување. Јувентус засега нема намера да го продаде 24-годишниот напаѓач, но веројатно и нема да може да одбие толку голема понуда.

На крајот на сезоната, Киеза ќе ја комплетира двегодишната позајмица, по што Јувентус има опција да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра, што сигурно ќе го направи. Но, тогаш ќе мора да се обиде да го задржи Киеза бидејќи најголемите европски клубови ќе направат се за да го доведат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови