Челси не се откажува од идејата да ја ангажира ѕвездата на Бенфика, Енцо Фернандез, и покрај тоа што веќе беше одбиена понуда од „сините“, тврди португалскиот весник „Рекорд“.
Лондончани досега се мачеа да постигнат договор бидејќи не сакаат да ја платат неговата откупна клаузула од 120 милиони евра. Сепак, клубот од „Стемфорд бриџ“ сѐ уште се надева дека зделката може да биде комплетирана овој месец.
Бенфика во декември даде изјава во која истакна дека аргентинскиот репрезентативец ќе остане во клубот до крајот на сезоната.
Односите меѓу двата клуба се во најмала рака затегнати, бидејќи тимот од Лисабон претходно ги обвини „сините“ дека покажале „непочитување“ во нивниот обид да го придобијат светскиот шампион со Аргентина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













