Connect with us

Челси на Тухел нема примено гол цели 10 часа

Англискиот премиерлигаш Челси се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако со две победи го елиминира Атлетико Мадрид. Тимот на Томас Тухел славеше со 2-0 на домашен терен, откако претходно победи 0-1 и на првиот меч.

Составот на Тухел игра неверојатно во одбраната и веќе 10 часа нема примено гол, Поточно, на 597 минути мрежата на Челси не се тресела. Германскиот стратег комплетно ја промени филозофијата на претходникот Франк Лампард. Тимот што примаше многу голови под негово водство сега е речиси несовладлив.

Откако дојде Томас Тухел, Челси одигра вкупно 13 натпревари, а на 11 од нив успеа да ја сочува мрежата празна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови