Реал Мадрид синоќа уште еднаш потврди дека му нема рамен во Европа и во светот.
Со победата од 2-0 над Борусија Дортмунд во финалето на „Вембли“, „кралскиот клуб“ го освои трофејот во Лигата на шампионите по 15. пат во историјата на клубот, со што се оддалечи уште подалеку од своите први конкуренти на листата на освојувачи на најпрестижниот трофеј во Европа.
Реал Мадрид сега има дури осум титули повеќе од второпласираниот Милан, а интересно е што и кога освоените европски титули на „росонерите“ (7) и бројот на трофеите на третопласираниот Баерн (6) се соберат, сепак не би ги стигнале мадриѓаните.
Како што изјави синоќа Флорентино Перез, Лигата на шампионите е натпреварување на Реал Мадрид.
Most CL titles in football history. pic.twitter.com/5DbXrOktWs
— Madrid Zone (@theMadridZone) June 1, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













