Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше дециден дека во утрешното финале во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд ќе биде клучно неговиот тим да покаже квалитет и пожртвуваност. Тој потврди и дека Тибо Куртоа ќе стартува на голот на наместо Андриј Лунин, кој се опорави од грип и ќе го започне натпреварот на клупата за резерви.
„Имавме доволно време да се подготвиме за натпреварот и гледам фокусирана, ментално силна и надежна соблекувална подготвена да се соочи со најважниот натпревар во сезоната. Голема почит кон нашиот противник и се надеваме дека сѐ ќе биде добро. Мило ми е што сум овде. Не ми се случува првпат и се надевам дека нема да биде последен. Имам целосна доверба во моите играчи кои ќе дадат сѐ од себе. Меѓу нив го вбројувам и Родриго, кој беше, е и ќе биде важен за нас. Не се сомневаме во него. Андриј Лунин доаѓа со грип, но сега е добро и ќе допатува утре за да ни се придружи. Сепак, тој ќе биде на клупата бидејќи Тибо Куртоа ќе биде стартер“, изјави тренерот на Реал Мадрид.
„Најважно е да им пренесам јасни идеи на моите играчи. Колку сум подиректен, толку помалку ќе бидат нервозни моите играчи. Ќе се посветам на тактичкиот аспект. Емоциите ќе дојдат подоцна, а секој ќе се справи со нив на свој начин во зависност од својот карактер. Ќе има негативни емоции пред мечот, но стравот е важен дел за да може добро да ги направите работите. Веќе го покажавме квалитетот и пожртвуваноста на нашиот тим. Тоа ќе бидат двете клучни работи утре. Ова финале ќе биде посебно поради две причини. Првата е дека воопшто ќе играме на овој натпревар, кој е најважен во сезоната. Втората е дека тоа ќе го направиме на историска сцена како „Вембли“. Среќни сме и сакаме утре да го покажеме најдоброто лице“, истакна Карло Анчелоти.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













