Connect with us

Челси на Потер доби лекција од Брајтон, супер – пресврт на Тотенхем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Брајтон немаа разбирање за поранешниот шеф Грем Потер кој им гостуваше со тимот на Челси. Ги победија со 4-1. Лоик Тросар во петтата минута донесе водство за Брајтон, а потоа следуваа два автогола на Лофтус-Чик и на Шалоба.


Во вториот дел Каи Хаверц постигна гол за 3-1, а Паскал Грос во судиското продолжение го постави конечниот епилог.

Тотенхем направи супер-пресврт и триумфираше (2-3) на гости кај Борнмут. Кифер Мур двапати погоди за домаќинот, а во вториот дел се разигра Тотенхем. Родриго Бентанкур во судиското продолжение донесе победа за Тотенхем, откако Сесењон намали, а Бен Дејвис израмни во второто полувреме.

Брентфорд и Вулверхемптон ремизираа 1-1, а Њукасл ја победи Астон Вила со 4-0, со двата гола на Калум Вилсон и погодоците на Жоелинтон и на Алмирон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови