
Челси е сѐ позаинтересиран за крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацкелија.
Репрезентативецот на Грузија важи за еден од најдобрите играчи на својата позиција во Европа и на „Стемфорд Бриџ“ имаат голема желба да го ангажираат, пренесува „ЕСПН“.
Наводно, Челси е подготвен да направи силен потег за Кварацкелија и да испрати сериозна понуда за неговите права. Намерата на Наполи е да ја задржи својата ѕвезда и да стави цена од 100 милиони евра за него. Сепак, лондончани не се плашат од цената и се подготвени да ја платат.
22-годишниот Кварацкелија беше едно од големите откритија на Наполи минатата сезона.
Грузиецот дојде на стадионот „Диего Марадона“ од Динамо Батуми за скромна сума од 13,5 милиони евра, но стана клучен играч на патот кон освојување на Скудетото. Досега за „наполитанците“ има 58 натпревари, 17 гола и 22 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
